Задолжително четиво за ноќното масиче на секое девојче или девојка што ја познавате. (Џери Стенгел, „Форбс“)
„Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ од корен ги менува бајките, инспирирајќи девојчиња со приказните за сто жени-херојки од Елизабета Прва до Серена Вилијамс. Илустрирана од страна на шеесет жени-уметници од сите краеви на светот, ова е најфинансираната оригинална книга во историјата на краудфандингот.
Децата кои ќе го читаат пред спиење, сигурно ќе сонуваат големи и инспиративни соништа. (Фиона Нобл, „Гардијан“)
Најдобрата книга за пред спиење што ќе ја прочитате некогаш. (Керолајн Сигрист, „Кул Мам Пикс“)
Ова се приказните за добра ноќ што треба да им ги читаме на нашите ќерки. (Холи Ектман Бекер, списание „Перентс“)
Овие приказни за добра ноќ ги заменуваат принцезите со жени што го промениле светот. (Тејлор Питман, „Хафингтон пост“)



