Дали воопшто може со зборови да се опише големата мистерија на раѓањето?
Алексеј Варламов токму тоа го прави, и тоа толку суштински, искрено, уверливо, длабоко и трогателно.
Впечатливо и со единствени метафори ни ја раскажува вечната приказна за раѓањето, за новиот и чист живот кој со своето доаѓање на овој свет секогаш носи светлина, нови надежи, желби, но и грижи и стравови во срцата на оние што така желнo го исчекуваат. Но како што вели и самиот автор: совршената љубов не знае за страв, па така, сведоци сме на моќта на таа совршена мајчинска и татковска љубов која тера на духовен и емотивен развој, преиспитување на моралните вредности и желба и потреба за создавање на ново и подобро утре.



