Ако се наоѓате во ситуација да водите луѓе, веројатно многупати сте се запрашале што сè е потребно за некој да стане успешен лидер. Во својата книга Развивајте го лидерството во вас, Џон Максвел дава мноштво од практични совети кои ќе ви помогнат да успеете во тоа.
Најважните принципи, кои мора да ги сфати и да ги примени во практиката секој што сака да стане успешен лидер, се:
• Клучот на успехот во секоја работа претставува нашата способност да ги водиме луѓето. • Сè успева и сè пропаѓа зависно од водењето. • Да се поттикнат другите луѓе подобро да работат е задача на вистинскиот лидер. • Водењето е способност да се добијат следбеници. • Водењето е влијание.



