Нејзините движења се поелегантни и посуптилни од секоја нота. А, нејзиното тело е синоним за страст и убавина. Елеганцијата, лирското изразување, емоциите и грациозноста се соединуваат во едно име: Ана Балинт. Знаеше дека го сака него, единствениот, со страсна, далбока и чиста неизмерлива љубов. Сите останати љубови во нејзиниот живот беа само бледи копии на тоа незаборавно чувство за блискост – таа припадност кон друга душа, во која се скриени нејзините огледала, со елегантни и нежни емоции кои тешко се опишуваат.
Ова е интимна приказна за балерината со нежно тело и џиновски дух, која остава печат на сите славни балетски сцени градејќи приказна за малите-големи луѓе, за салашите и уметниците, поетите и нивните музи, за утрата што мирисаат на слатко од дуњи и незаборавните руски зими.
Приказна за љубовта која успеа да ги надрасне животот и судбината.