САКАМ ДА ТЕ ДРЖАМ ЗА РАКА

199 ден330 ден

На залиха

Ни речиси седум години по загинувањето на маж и‘ во Ирак, Хана Абот Гатри не е подготвена да сврти нова страница во својот живот. Меѓутоа, упорното внимание на долгогодишниот пријател се‘ почесто ја поттикнува на размислување. Сеќавањето на еден страствен бакнеж со Нолан Робертс уште е свежо, но Хана стравува дека, во потрага по среќа со друг маж ќе го изневери споменот на саканиот маж Кејлеб.

Кејлеб бил совршен: вниметелен син и предан брат, во училиштето едно од оние омилени момчиња околу кои се собираат сите, двигател на Хана и нејзина животна сила. Иако ја сака со години, Нолан стрпливо чека Ханада закрепне од трагичната загуба. А, кога најпосле добива шанса да ги открие своите чувства, едноставно не може да одолее, истовремено болно свесен дека Хана не може да ја придобие само со бакнежи и нежности. Ќе мора да и‘ докаже дека е можно човек да сака двапати – и дека втората љубов вистина е вредна да се ризикува поради неа.

Book Author