Самомасажата по меридијаните и по акупунктурните точки е класичен и единствен тераписка метод на традиционалната кинеска медицина, развиен врз база на теориите за чи и за крвта, органите санг и фу, како и за меридијаните и за колатералите. Таа ги превенира и ги третира болестите преку разнообразни и специфични техники на масажа на различни делови на телото, со помош на дланките и на прстите. Овие техники – применети директно на меридијаните, акупунктурните точки, 12 делови на тетиви и на 12 поделби на кожата – дејствуваат од надвор кон внатрешността, на прочистување на меридијаните, поттикнување на чи и на активирање на крвта, регулирање на органите санг и на фу, како и на влажење и подмачкување на тетивите и на коските.
Оваа книга е составена и дополнета со илустрации за да помогнат во индивидуалната подготовка за превенција и за третман на заболувања дијагностицирани како интерни, гинеколошки или хируршки. Техниките на самомасажа по меридијаните и по акупунктурните точки се едноставни, практични и лесни за следење.



