Ние сме патници во универзумот. Сме застанале тука накратко за да се сретнеме, да се грижиме едни за други, да љубиме, да споделуваме. Ако споделуваме со добра мисла, лесно срце и љубов, ќе создаваме изобилство и радост еден за друг. И ќе знаеме дека вредело да го изживееме овој краток момент од вечноста.
На страниците на оваа книга ќе најдете скапоцени тајни за остварување на сите ваши соништа. Во неа Дипар Чопра ја пренесува суштината на целото свое учење во седум едноставни и моќни принципи.
Заснована врз природните закони што управуваат се што постои, таа го разбива митот дека успехот е резултат на силна амбиција или тешка работа. Кога ќе ја разбереме својата вистинска природа и ќе научиме да живееме во хармонија со законите на природата, околу нас лесно и без никаков напор ќе се создаваат позитивна енергија, здравје, среќни врски и изобилство.
Полна со вечни мудрости и практични чекори за едноставна примена, оваа е една од оние книги на кои постојано им се навраќаме.



