СЕДУМТЕ СЕСТРИ ПРИКАЗНАТА НА МАЈА

550 ден

На залиха

Маја д’Аплиез и нејзините пет сестри се собираат во домот на нивното детство, Атлантида – изолиран замок како од сказните на бреговите на Женевското езеро – откако им јавиле дека починал нивниот сакан татко, таинствениот милијардер што тие го викаат Тате Солт. Тој ги посвоил Маја и сите нејзини сестри додека уште биле бебиња и сега на секоја од нив  и’ оставил во наследство загадочна трага што води до нивното вистинско потекло. Маја, нејзината трага ја одвењдува преку светот, во Бразил, до една трошна палата во Рио де Жанеиро. Кога ќе стигне таму, почнува да ги составува делчињата од својата животна приказна.

Осумдесет години порано, во Рио, во 1927 година, татко и’ на Изабела Бонифачо има амбиција да ја омажи ќерка си за аристократ. Во тоа време архитектот Ејтор да Силва Коста ја проектира скулптурата на Исус Христос и наскоро ќе отпатува во Париз за да најде соодветен скулптор што ќе ја дополни неговата визија. Страсната Изабела копнее да го види светот, па го убедува татака си да и’ дозволи да отиде со архитектот и со неговото семејство во Европа пред да се омажи.  Таму, во атељето на Пол Ландовски, во опојната трепетна атмосфера на кафулињата на Монпарнас, Изабела го запознава амбициозниот млад скулптор Лоран Бруји и веднаш сфаќа дека животот повеќе нема да биде ист…

SKU: 029958
Категорија: