Романот е наjинтересната проза за читање. Содржи доволно настани и ликови со кои како читател може во секое време да си направите дијалог, а во романот секогаш има доволно материјал за промисла и размисла. Македонскиот роман ги има токму овие карактеристики и можности за дијалог. Тој е тематско-мотивски разнообразен, од женски приказни одгледани во патријархално семејство и осудени од јавноста (Тунел), преку општествено неодговорни функционери и братска љубомора (Братот), до потресни патишта за човечка, женска љубовна нереализираност и потиснатост под налетот на доминантниот брат (Сестрата на Сигимунд Фројд), како и историски и верски теми завитками во лични приказни (Пророкот од Дискантрија), игри и дијалог со писателскиот занает и современиот свет во кој сите сè гледаат и слушаат (Скриена камера и Опишувач) или пак продуцираат реалност која е лажна и постои само во свеста на ликот (Нишан). Тематска разнообразност беше едниот поттик за анализа, а вториот поттик беше разнообразноста во начинот на конструирањето на приказните. Првата деценија од веков беше само временската одредница во која сакавме да истражиме како се движи уметничкиот збор во романот. Се обидовме да покажеме чувствителност за различните автори и нивните поетики, да ги коментираме некои од слоевите во дискурсите, да ги обединиме во смисловна целина, во која постмодернистичкиот пристап им е доминантен, задржувајки критичка дистанца и научна мерка.
Семантиката на македонскиот роман на преминот од XX во XXI век
420 ден
Романот е наjинтересната проза за читање. Содржи доволно настани и ликови со кои како читател може во секое време да си направите дијалог, а во романот секогаш има доволно материјал за промисла и размисла.
На залиха



