СЕСТРАТА СОЗДАДЕНА ОД БУРА

550 ден

Втора книга од серијалот за СЕДУМТЕ СЕСТРИ. Али Д*Аплиез се подготвува за натпревар во една од најопасните трки на јахти во светот. И, тогаш дознава за мистериозната смрт на нејзиниот татко – посвоител. Бидејќи животот ѝ се превртува наопаку, таа решава да ја напушти морската шир и, следејќи ја трагата што ѝ ја оставил татко ѝ да отпатува во ледените предели на Норвешка со цел да ја открие мистеријата на своето потекло.

На залиха

Sвезда Д’Аплиез се наоѓа на животна пресвртница по ненадејната смрт на нејзинот сакан татко – мистериозниот милијардер што ги посвоил своите шест ќерки од разни краишта на светот. На секоја од нив ѝ оставил трага до нејзиното вистинско потекло, но Sвезда – најзагадочната од сите сестри се колеба да зачекори од безбедноста на блиското пријателство со сестра си Кеке. Во очај, решава да тргне по првата трага што ја одведува во една старинска книжарница во Лондон, каде што ѝ се отвора цел нов свет.

Сто години порано, своеглавата и независна Флора Макникол се зарекла дека никогаш нема да се омажи. Среќна е и задоволна во Езерската област, каде што живее во близина на својот идол Беатрикс Потер. Меѓутоа, текот на околностите ја одведува во Лондон, во куќата на Алиса Кепел, најозлогласената припадничка на високото општество од едвардијанското време. Флора ја раскинуваат страсна љубов, од една страна, и должноста кон семејството, од друга страна, кога ќе открие дека таа самата е пион во игра чии правила ги знаат само други. Сѐ додека средбата со еден мистериозен џентлмен не ги разоткрие одговорите што Флора ги барала цел живот…Sвезда дознава повеќе за неверојатното патување на Флора, па затоа и таа решително тргнува по патот на откривањето и љубовта.

SKU: 030374
Категорија: