Што кажува секое тело

400 ден

Тој вели дека тоа е неговата најдобра понуда. Но дали е така? Таа вели дека се согласува. Дали навистина се согласува? Интервјуто помина одлично – или сепак не?

Прочитајте ја оваа книга и развијте ја својата невербална интелигенција.

На залиха

Тој вели дека тоа е неговата најдобра понуда. Но дали е така? Таа вели дека се согласува. Дали навистина се согласува? Интервјуто помина одлично – или сепак не?

Прочитајте ја оваа книга и развијте ја својата невербална интелигенција. Џо Наваро, поранешен агент на ФБИ и стручњак за невербална комуникација, објаснува како брзо и ефикасно да ги „прочитате“ луѓето: да им ги одгатнете чувствата и мислите, да препознаете кога ве лажат и да ги избегнете скриените замки. Ќе дознаете и како говорот на вашето тело влијае врз мислењето што надредените, семејството, пријателите и другите го имаат за вас. Ќе откриете:

  • kои се древните инстинкти за преживување што го поттикнуваат говорот на телото;
  • зошто од лицето најтешко се читаат вистинските чувства на личноста;
  • што ни откриваат гестовите со палците, стапалата и очните капаци;
  • кои се најмоќните гестови што ја откриваат нашата самодоверба;
  • како можеме да поттикнеме доверба или авторитет.

Џо Наваро, наречен „ловец на шпиони“ и „човечки детектор за лаги“, ни открива многу примери од своето професионално искуство покажувајќи ни како да ги разбираме мислите и намерите на луѓето, да ги откриваме и дешифрираме нивните невербални реакции за да можеме поуспешно да комуницираме со нив. За работа или за задоволство, Што кажува секое тело нуди моќно знаење што го збогатува и унапредува животот.

SKU: 035022
Категории:,
ISBN:9786082307053
АвторЏо Наваро
Издавач:Три