Романот „ Слушни ме “ е тринаесеттото продолжение од легендарниот серијал за детективката Рицоли.
Бостонската детективка Џејн Рицоли и форензичкиот патолог Мора Ајлс истражуваат навидум случајно убиство. Софија Суарез, вдовица, медицинска сестра и омилена сосетка, е претепана до смрт во својот дом. Но, под мирната површина се крие врело со тајни. Џејн ја открива врската помеѓу Софија и неодамнешната жртва на невнимателен возач, што само ги разбранува матните води на случајот. Анџела Рицоли, мајката на Џејн, не пропушта ништо во своето мало соседство. Затоа не може да се воздржи од истрагата за исчезнувањето на нејзината сосетка тинејџерка и мора да открие какво необично семејство се доселило во соседството. Таа знае дека во нејзиното мирно маало не постојат случајности. Иако Џејн се обидува да ја смири, Анџела е убедена дека нејзината улица ја демне крволочен грабливец. Грабливец на кој таа ќе му застане на патот.