Поузи Монтакју се приближува до седумдесеттиот роденден. Нејзиниот сакан дом од детството – Адмирал хаус, каде што ги одгледала двата сина и создала величествена градина се распаѓа околу неа. И таа знае дека дошло време да донесе одлука и да го продаде имотот. Но, потоа се појавува лице од далечното минато – Фреди, нејзината прва љубов, кој ја оставил со скршено срце педестина години порано, кога ја напуштил без збор.
Борејќи се на крај со својот постар син, Сем, чии бизнис-зделки ги оставаат него, сопругата и двете деца речиси на улица, и со враќањето на другиот син, Ник, во Англија- откако пред десет години заминал за Австралија, Поузи не е сигурна дали може да и‘ верува на љубовта на Фреди. Но, тој и Адмирал хаус кријат страшна тајна повеќе од пет децении, па за да го продолжи животот со Поузи, Фреди знае дека ќе мора уште еднаш да и‘ го скрши срцето.