СОЛЗИ ОД КИЛИБАР

389 ден690 ден

На залиха

Од татковината што наскоро ќе им исчезне, две семејства од различни краеви на Прусија, Шипер и Халброк, бегаат заедно со својот народ пред егзодусот и ужасите на Втората светска војна. Животите на Арно Шипер и Илзе Халброк, две деца кои не се познаваат ниту, пак, знаат што им подготвува судбината во други земји, тргнуваат на аџилак без одмор. Бараат спас од уништувањето, гладот и смртта, ама во срцата им се вгнездува надежта за мир и повторно обединување и желбата да најдат место каде што ќе пуштат нови корени.

Но, Илзе покрај себе го има и Јануш, младиот полски работник. И, додека бегаат од Советската армија, неговите народни приказни и` го штитат умот од студ и глад, како и од ужасите околу нив. Тој и` раскажува за опколеното кралство на Балтикот, од кое течат килибарните солзи на неговата кралица со скршено срце.

Инспирирано од висстинсски настани, Солзи од килибар е трогателен роман, несекојдневен одраз на испреплетени патишта и неизбежна судбина. Во ризницата на современата литература, величественото перо на Софија Сеговија ни пружа единствена и возбудлива слика за еден од најшокантните конфликти во историјата на светот.