Совпаѓање

490 ден

Вајлди порасна не знаејќи ништо за неговата фамилија, уште помалку за неговиот сопствен идентитет. Сè што знае е дека, како малечко момче, бил пронајден како живее дивјачки живот во планините Рамапо во Њу Џерси.

На залиха

Вајлди порасна не знаејќи ништо за неговата фамилија, уште помалку за неговиот сопствен идентитет. Сè што знае е дека, како малечко момче, бил пронајден како живее дивјачки живот во планините Рамапо во Њу Џерси. Тој стана познат како Вајлди, момчето од шумата.

Сега истражува на генеалошка интернет-страница. Ја внесува неговата ДНК. 100% совпаѓање. Неговиот татко. Се среќаваат, и тој сфаќа дека татко му не знаел дека има син и дека е исто толку зачуден од неговото постоење како и самиот Вајлди.

Тоа не го обесхрабрува да продолжи да бара членови од неговата фамилија, но се вплеткува во заедница на онлајн-доксери, тајна група која разоткрива анонимни тролови. Наскоро, Вајлди открива дека тие се поврзани со еден од неговите новооткриени роднини и дека нивните матни активности предизвикале навидум незапирлива убиствена спирала.

Кога доксерите еден по еден умираат, така станува јасно дека тие стануваат мета на сериски убиец – и дека следната жртва би можел да биде самиот Вајлди…

„Совпаѓање“ е продолжение на хит-трилерот на Харлан Кобен, „Момчето од шумата“. Со фасцинантни портрети на ликовите и експлозивна акција, Кобен создава привлечен и непредвидлив трилер, кој е возбудливо „возење“ и во реалниот и во виртуелниот свет.

SKU: 037274
Категории:,
ISBN:9786082677927
АвторХарлан Кобен
Издавач:Арс Ламина