Тајната книга на Флора Лиа

520 ден

Фаcцинантно и мистична, „оваа длабоко емотивна приказна за семејството, првата љубов и судбината целосно ќе ве освои“ (Кристин Хармел, авторка на бестселери на „Њујорк тајмс“).

На залиха

Во разурнатиот Лондон во 1939 година, четиринаесетгодишната Хејзел и нејзината петгодишна сестра Флора се евакуирани во едно селце во природа за да избегаат од ужасите на Втората светска војна. Живеејќи со добродушната Бриди Абердин и нејзиниот син тинејџер Хари, во убаво уредена камена куќичка покрај реката Темза, Хејзел ги исполнува нивните денови со прошетки и игри за да го одвлече вниманието на својата малечка сестра. Таа измислува бајка само за неа, за волшебна земја, тајно место во кое можат да побегнат и што е само нивно. Но, се случува нешто незамисливо кога малата Флора одеднаш исчезнува додека си игра покрај брегот на реката. Скршена од болка, Хејзел се обвинува себеси за исчезнувањето на сестра си и ја носи таа вина во зрелоста, како личен товар што чувствува дека го заслужува. Дваесет години подоцна, Хејзел е во Лондон, подготвена да ја напушти работата во малата книжарница со ретки изданија и да почне кариера во „Сотебис“. Со шармантно момче и елегантен, стар стан во Блумсбери, нејзината иднина изгледа сигурна. Но, нејзиниот совршен живот се превртува наопаку откако ќе отвори пакет со илустрирана книга насловена како „Виспервуд и Ѕвездената река“. Хејзел никогаш никому не кажала за измислениот свет што го создаде само за Флора. Дали оваа книга ги крие тајните за исчезнувањето на Флора? Дали е тоа знак дека нејзината сакана сестра е сè уште жива по сите овие години? Додека Хејзел тргнува во неуморна потрага, соочувајќи се со одамна запоставени односи и храбро отворајќи рани од минатото, нејзината кариера и иднина се доведени во прашање. Фаcцинантно и мистична, „оваа длабоко емотивна приказна за семејството, првата љубов и судбината целосно ќе ве освои“ (Кристин Хармел, авторка на бестселери на „Њујорк тајмс“).