Тајната над тајните

1,350 ден

Сè е непознато. Дури и за Роберт Лангдон. Прашања има многу. Одговори – сè помалку.

Кога реномираната научничка Кетрин Соломон исчезнува без трага од хотелската соба во Прага, светот на Роберт Лангдон се распаѓа.

На залиха

Сè е непознато. Дури и за Роберт Лангдон. Прашања има многу. Одговори – сè помалку.

Кога реномираната научничка Кетрин Соломон исчезнува без трага од хотелската соба во Прага, светот на Роберт Лангдон се распаѓа. Далеку од дома и надвор од својата зона на удобност, тој е принуден да тргне во очајничка трка со времето, соочен со непознати сили и заговор чии корени се протегаат длабоко во минатото.

Но Прага не е обичен град. Тој е лавиринт од сенки и легенди, град изграден врз тајни, каде историјата лежи закопана во слоеви, а секој камен крие порака. Додека ја следи трагата на исчезнатата жена, Лангдон сфаќа дека и самиот е плен прогонуван од сениште од мрачното минато и вовлечен во мрежа од симболи, предавства и измами.

Меѓу древни замоци, високи катедрали, гробишта закопани дванаесет слоја длабоко и подземни премини што водат кон заборавени светови, Лангдон мора да дешифрира мистерија што со векови останала скриена пред очите на светот.

Затоа што овојпат не е во прашање само еден живот. Не е ни само една тајна. Овојпат, влогот е иднината на човештвото.

Тајната над тајните е најопасната, најинтелигентната и највозбудливата авантура досега, каде секој симбол може да биде клуч… и секоја вистина – смртоносна.

SKU: 039753
Категории:,
ISBN:9786082622323
АвторДен Браун
Издавач:Култура