ТАСМАНИЈА

249 ден550 ден

На залиха

„Тасманија“ е роман за иднината. За иднината што ја посакуваме, за оние работи што нема да ги имаме, што може да ги промениме и изградиме. Стравот и изненадувањето од губењето на контролата се главните чувства на нашето време, а топлиот глас наПаоло Џордано знае да ги раскаже како никој друг. Сите можеме да се препознаеме во овој толку чувствителен, жив исовремен роман. Бидејќи секој си ја бара својата Тасманија: место во кое ќе го најдеме сопствениот глас.

Главниот лик е млад, внимателен и чувствителен човек што во еден момент мисли дека науката ќе му ги овозможи сите одговори, но во следниот се наоѓа пред ѕид од прашања. Со него се: Лоренца која знае да чека, Новели кој ги студира формите на облаците, карол кој ќе го пронајде Бог каде што не го бара, Курција која нервно попушта, Џулио кој не знае како да се однесува кон својот син. Кризата за која зборува овој роман не е само онаа на паровите, можеби на цела една генерација. но сигурно е онаа на светот во кој живееме – кризата на нашата планета. Магијата на „ Тасманија“, силата која не’ привлекува со секоја страница, е природно прекршување помеѓу сето она што се случува во и надвор од нас.

Паоло Џордано навлегува во најинтересните територии на денешниот европски роман, за успешно, со леснотија и радост да се закотви во светот што тој најдобро го познава, каде може да се крие и открива себеси, каде што може да се пресмета со сопствените демони и да го победи стравот.