Црвениот адресар

400 ден

Дорис живее сама во својот стан во Стокхолм. Ретко кој ја посетува, но затоа честопати се слуша со Цени, внуката на нејзината сестра, која живее во Америка. Овие разговори не само што ѝ причинуваат радост туку и ја враќаат во младоста.

На залиха

Софија Лундберг (1974) е шведска писателка и новинарка. Нејзиниот прв роман „Црвениот адресар“ станал меѓународна сензација. Објавен е на 34 јазици. Книжевната критика е восхитена од нејзината моќ да ги обезоружи читателите и да ги однесе на патување низ времето и просторот, низ љубовта и загубата. Несомнено, таа е новата звезда на скандинавската литература.

Дорис веќе години и години, децении и децении, во својот адресар ги запишува најинтересните настани од својот живот. Таа денес има 96 години. И не е свесна дека најдлабоките моменти допрва ќе се случат…

Дорис живее сама во својот стан во Стокхолм. Ретко кој ја посетува, но затоа честопати се слуша со Цени, внуката на нејзината сестра, која живее во Америка. Овие разговори не само што ѝ причинуваат радост туку и ја враќаат во младоста.

Кога имала десет години, татко ѝ ѝ подарил црвен адресар, во кој таа ги запишувала сите љуѓе што имале некако значење во нејзиниот живот. Денес, вртејќи ги страниците на овој уникатен дневник, Дорис гледа имиња на љуѓе што одамна ги нема и добива желба за пишување. Таа се навраќа на својот бурен живот, низ океаните и континентите, од модерниот Париз во 1930-тите до Њујорк и Англија, од Втората светска војна и назад до Шведска и до човекот кого одамна го загубила, но кого никогаш не го заборавила. Што се случило со Алан, љубовта на нејзиниот живот?

Трогателна приказна за спомените, пријателството, надежта и моќта на љубовта.

SKU: 039497
Категории:,
ISBN:6082433793
АвторСофија Лундберј
Издавач:Антолог