ТУРЧИНОТ ШАХИСТ

490 ден

На залиха

Илјада седумстотини шеесет и деветтата година, дворецот Шенбрун, кралица Марија Терезија. Во Салата со огледала е собрана елитата на хабсбуршката аристократија и сите нестрпливо го  очекуваат почетокот на претставата која со месеци е главна тема на виенските кулоари: Волфганг фон Кемпелен, најголемиот пронаоѓач и инженер во царството, ветил дека ќе проектира автомат што ќе може  рамноправно да игра шах со  врвни играчи. Никој ниту насетува дека присуствува на настн  по кој светот веќе никогаш нема да биде ист. По големиот успех на премиерата, секој европски двор сака да го прими Турчинот шахист. Фон Кемпелен собира трупа и тргнува на голема турнеја што би требало да го прикаже сиот раскош на „тевтонскиот гениј“: Париз, Лондон, Лајпциг, Амстердам, Њујорк, Бостон  стануваа сцена на овој роман.

Се поставува само едно прашање кое во текот на следните 85 години интензивно ќе го окупира вниманието на светската научна заедница:  дали Турчинот е возвишено научно достигање, неверојатно вешта измама или можеби се во прашање  некои други сили? Сигурно знаеме само дека фамозниот автомат ќе инспирира некои од најголемите изуми кои суштински ќе ја променат нашата цивилизација, од автоматскиот разбој до компјутерот.

Турчинот шахист тематизира неколку егзистенцијални прашања, а пред сѐ, што е тоа што суштински конституира едно живо, мисловно суштество како човекот? Кои се границите на вештачката интелигенција и дали органската материја од која сме составени е попримарна  од нашите мисли и чувства?  Ова е роман на епоха што покрива широк временски распон од близу еден век. Заснован е врз вистински настани, но како и секое добро книжевно дело, и ова обилува со фикција што би требало од сувопарни факти да го направи она што е задача на книжевноста уште од нејзиното настанување: да раскаже универзална приказна што ќе нѐ забавува, но и ќе нѐ поучи. Токму по тој редослед.

SKU: 038388
Категории:,