На улицата Каталин, тивко место во Будимпешта, куќите гледаат кон Дунав и имаат заеднички дворови. Во тој идиличен свет растат Балинт – синот на мајорот, Ирена и Бланка – ќерки на управникот Елекеш и малата Хенриета Хелд – ќерка на еврејски заболекар.
Меѓутоа почнува војната која насилно менува се’, па и односите меѓу децата, но и повоеното време нема да донесе мир. Судбините на јунацитево овој роман се преплетуваат неочекувано, покажувајќи ја сета суровост на животот.
Магда Сабо истражува темелно на кои начини, без оглед дали сме свесни или не, им нанесуваме болка на оние кои ги сакаме. Улицата Каталин е трогателна и носталгична елегија, полна со непредвидлива интимност за тоа што се случува со неповторливите и впечатливи врски што ги воспоставувамев во детството и не’ следат низ целиот живот, дури и како сенки.
Романот Улицата Каталин е добитник на наградата Севенес за најдобар европски роман. Вистински незаборавен.