Не знаеш да решиш диференцијална равенка? f(x+1 / x-2) + 2 x f(x-2 / x+1) = x ? Не знаеш да си ја напишеш годината на раѓање во октален систем? Не грижи се! За тоа не ти треба памет, туку УМ! Точно така: „Урнебесна математика“!
Ум е тука да те забавува, охрабри и да ти открие работи кои ни самиот не си знаел дека постојат!
Сепак, ако по оваа книга те заболи глава од читање и смеење, никој друг нема да ти биде крив освен твојот УМ…
Во секој случај, ако ја купи оваа книга – добро си се пресметал!



