Кога би можела мојата душа да зборува, би врескала. Кога би можело моето тело да осети вистинска болка, онаа душевната, би се распаднало. Го исплакав целиот свој живот без солзи. без право на збор. Телото овде…А душата?! Каде е таа, прашувам без глас.
ЗАР БИ МОЖЕЛА ДА САКАМ СО ПРАЗНО СРЦЕ?
Копнеж за луѓето од црно-белата фотографија. Дали некогаш пак ќе се сретнеме? Без песна да се насмееш, без глас да проговориш…„Совршенство без перфекција“. Срцето ми стана пепел без да искрвави. Лица без насмевки, очи празни, тело уморни…Јас сум Карла…Карла Рохтенвир. Јас сум тоа совршенство без перфекција. Живеам во тајниот град на совршениот ум Вистинбилд.
Како да тонам кон дното на океанот, се давам…Без знаци на борба. Се чувствувам како да не гледам излез. Сама, исплашена, беспомошна…Но, сепак, онаа светлина на почетокот на океанот е мојот излез. Ако ја свртам главата и не ја погледнам, ќе останам на дното. Ќе ми биде жал што не се борев. Во животот колку и да е лоша реалноста, мора да се бориш за да создадеш своја реалност. Реалност што ќе те прави среќен за да продолжиш да мислиш позитивно и да одиш понатаму.