Наполеон Хил во младоста работел како дописник на локални весници. Бил управник на рудник и на стовариште за јаглен. Студирал право, пред да почне да работи како новинар за списанието Bob Taylor’s – тој ангажман му овозможил да го запознае Ендру Карнеги, индустриски магнат за производство на челик. Таа средба му го променила животот целосно. Благодарение на соработката што ја остварил со Карнеги, тој добил шанса да ги интервјуира во своето списание тогаш најуспешните бизнисмени во индустријата на САД. Тоа му помогнало темелно да ги проучи и открие методите што се неопходен услов за успешен бизнис. Безусловно го прифатил таквиот предизвик и неговото истражување траело дваесет години за на крајот да му послужи како основа за книгите „Волшебни скалила до успехот”, а потоа „Мисли и збогати се”, класични дела – бестселер во оваа област. Наполеон Хил, од 1933 до 1936 година работел како советник на претседателот на САД, Франклин Д. Рузвелт. Авторот на оваа книга беше водечки консултант во светот на бизнисот.
Волшебни скали до успехот
390 ден
Наполеон Хил во младоста работел како дописник на локални весници. Бил управник на рудник и на стовариште за јаглен. Студирал право, пред да почне да работи како новинар за списанието Bob Taylor’s – тој ангажман му овозможил да го запознае Ендру Карнеги, индустриски магнат за производство на челик.
На залиха



