ЗАГУБЕНИТЕ ПИСМА

343 ден

На залиха

Во мугрите на првата светска војна, во градината каде штотуку процутила љубовта, едандевојка мора да донесе судбоносна одлука.

Додека над Британија се надвиснуваат бурните облаци на Првата светска војна, Корделија бара прибежиште во големата градина на семејниот имот. Таму го среќава Ајзак, згоден, млад пејзажен архитект, кој од неодамна го одржува имотот. Тој е непосреден, пријатен и познава се’ што расте во градината. Нема да помине многу време кога на Корделија ќе и’ биде возвратена љубовта. Колку што е нивната врска забранета, толку не и’ прилега на девојка како Корделија да ја копа земјата, но таа е љубопитна и Ајзак скришно ја учи на тајните на градинарството.

Кога Ајзак ќе биде повикан во војска, Корделија ја презема грижата за прекрасната градина. Таа желно ги очекува писмата од малдиот човек од европските боишта, секогаш исполнети со надеж за заедничка иднина. Но, повеќе не пристигнуваат пораки. Корделија мора да се соочи со најлошото и сама да ги преземе својата судбина и судбината на нивната сакана градина.

Загубените писма  е епска приказна за љубовта, војната и силата на човечкиот дух напишана во стилот на романите на Лусинда Рајли и Кејт Мортон.

Book Author