Зошто наземи спиеш

350 ден

„Не сакав да го испратам Бога во војна. Сакав да го испратам некадe надвор од земјата, па и да е во Чернивци во Галиција, во Тернопил. Премногу ми е слаб, премал, како со осумнаесет години да ја брани Југославија, многу постара од него.

На залиха

„Не сакав да го испратам Бога во војна. Сакав да го испратам некадe надвор од земјата, па и да е во Чернивци во Галиција, во Тернопил. Премногу ми е слаб, премал, како со осумнаесет години да ја брани Југославија, многу постара од него. Веројатно Југославија морала него да го чува, а не тој неа, баба од седумдесет и четири години.“

„Го сонував татко ми.
Спие на каучот. Јас покрај него, на подот. Внимавам да не се разбуди. Станувам, му придогам, му ги местам рацете како на мртовец. Па повторно легнувам. Сонувам – тато мртов ги помрднал рацете врз телото. Станувам и повторно му ги местам рацете, ги прекрстувам, како што му се месат на покоен.
Тој се буди, станува, сето тоа во мојот сон, станува и ми вели: „Што е синко, зошто наземи спиеш?“

***

„Кога топовите, химните и погребите ќе замолчат, настапува тишината која смртта највеќе ја сака, бидејќи после неа доаѓа заборав, конечното ништо, како нејзин потполн триумф. Во таа тишина Цвијетиќ зборува, на мртвите им дава глас кој не се слушал додека биле живи. Им дозволува да сведочат, предупредат, да советуваат. Им ја враќа одземената човечност. Додека пишува за смртта, писателот се бори за секој живот“. – Севделин Авдиќ

„Луѓето ги навредува и самата помисла дека се одговорни за страдањето на другите. Откако многу внимателно го опиша светот на црвениот небодер, Цвијетиќ храбро се занимава со начинот на кој се заминувашe од касарните на опколениот град. Приказната која притоа ја раскажува е неочекувана и страшна. И во неа повторно ништо не е премолчено. И повторно, како и во „Шиндлеровиот лифт“, мораше да биде раскажана. Овој пат човек на човека е брат. Но веќе не во метафоричка смисла“. – Миљенко Јерговиќ

SKU: 039291
Категории:,
ISBN:9786082611648
АвторДарко Цвијетиќ
Издавач:Или-Или