За Клуб Матица
Матица македонска е основана во 1991 година, 45 дена пред референдумот за самостојност на Република Македонија. Нејзин основач и сопственик е поетот Раде Силјан. Како една од првите приватни компании од областа на културата во Македонија, започна со неколку наслови од македонското културно наследство и етнологија.
За основачот на Матица, но и за нас, неговите наследници и следбеници, името на Матица македонска е свето име. Тоа е водилка за нашите постојани ангажмани за афирмација на големите вредности на целокупната македонска литература.
Името Матица е поим за квалитет. Во секој поглед и во секоја област на нашето дејствување.
Со повеќе од 32,000 наслови од сите жанрови на општественото и социјалното живеење, со публикувани над 3 милиони книги, мисијата на Матица беше и остана насочена кон развојот на духовните вредности на македонските писатели и научници.
Матица македонска има добиено преку 40 национални и меѓународни награди и признанија. Првиот Клуб на читатели е создаден уште во 2000-та година и дел од него се над 50,000 наши драги читатели.
50,000
Верни читатели
32,000
Книги на залиха
10,000
Автори
3,800,000
Продадени книги
Продавница 1
Улица: Булевар Климент Охридски бр. 23
Скопје, Македонија
Teл: 02 3 221 138
Понеделник-петок 8-21ч.
Сабота 9-16ч.
Продавница 2
Улица: Ѓуро Стругар бр. 13
Скопје, Македонија
Тел: 02 3 226 652
Понеделник-петок 8-21ч.
Сабота 9-16ч.