Дервишот и смртта

Дервишот и смртта

Автор: Меша Селимовиќ

200 ден 500 ден

Дервишот и смртта е книга чие дејствие се случува во 18 век во некое место во Босна, главниот лик пак е Ахмед Нурудин, дервиш, кој се среќава со животот и неговата непредвидливост по апсењето на неговиот брат. Книгата претставува одредена интроспекција на Нурудин, каде тој размислува за животот но и за смртта и што таа претставува и бесмислениот страв на луѓето од неизбежното

Смртта е промена на состојбата. Душата пошнува да живее сама. Додека не е одделена од телото, таа фаќа со рацете, гледа со очите, слуша со ушите, но суштината на работите ја знае само за себе. Та зарем месечината и сонцето исчезнуваат кога заоѓаат? Тебе ти се чини смрт, а тоа е раѓање...

За романот се вели дека е реакција на тогашниот режим, на начинот на кој режимот се премсметувал со политичките неистомисленици. Додатен мотив пак бил и фактот дека братот на авторот бил на Голи оток.

Смртта никако не може да значи крај бидејќи авторот продолжува да живее секој пат кога неговите дела ќе ги читаат неговите вљубеници.