Хомо фабер

290 ден

Романот Хомо фабер е еден од најзначајните романи на швајцарскиот писател Макс Фриш, автор чии главни преокупации се прашањето на идентитетот, индивидуалноста и одговорноста на човекот во светот што се дехуманизира.

На залиха

Хомо фабер, човекот-творец, е инженерот Валтер Фабер во чиј свет постои само тактилното, мерливото, рационалното; нема судбина, туку единствено математичка веројатност. Неговиот свет го разнишуваат серија необични настани што започнуваат со принудното слетување во Мексико, а завршуваат во Грција, во ироничен пресврт што личи на модерен хибрид на митовите за Едип и за Електра. Универзалните теми на стареењето и смртта, љубовта и технологијата, преку кои Валтер Фабер ја изнесува својата духовна и емотивна преобразба им даваат митолошка димензија на двата болнички извештаи преку кои е раскажана приказната.

ISBN:9786082233024
АвторМакс Фриш
Издавач:Магор