Ладнокрвно убиство

500 ден

Ладнокрвно убиство од Труман Капоти е култен роман во американската и светската книжевност. Тој е предвесник на популарниот жанр на криминалистичкиот роман заснован врз вистински случки од реалноста. Неговиот автор, Труман Капоти, бил позната, до одр…

На залиха

Ладнокрвно убиство од Труман Капоти е култен роман во американската и светската книжевност. Тој е предвесник на популарниот жанр на криминалистичкиот роман заснован врз вистински случки од реалноста. Неговиот автор, Труман Капоти, бил позната, до одреден степен скандалозна личност уште во времето кога романот бил објавен, а приказната околу неговото создавање поттикнала уште поголема сензација.

Ладнокрвно убиство хронолошки ги опишува настаните поврзани со убиството на четири члена од богатото фармерско семејство Клатер во Канзас, опфаќајќи го периодот од денот на нивното убиство, до чинот на погубувањето на двајцата убијци.

Романот покренува многу прашања за злосторството и казната, за американското општество, за судскиот систем, за смртната казна воопшто, за сексуалноста, судбината и отуѓеноста. Книгата може да се чита како факт, како фикција, како сурова критика на реалноста, или пак едноставно како примерок на вешта уметничка проза.

Сепак, не може да се негира дека во овој роман Капоти успева да проникне длабоко во човечката психа и да ни ги објасни механизмите на функционирање дури и на луѓето најмногу неразбрани од општеството.

SKU: 039107
Категории:,
ISBN:9786082231686
АвторТруман Капоти
Издавач:Магор