Ако со јазикот луѓето ги прикриваат своите мисли, целта на гестовите е да ги откријат.
Кога не сте сигурни дали му се допаѓате некому, обрнете внимание на говорот на неговото тело – тој честопати зборува погласно од зборовите. Овој фасцинантен Речник на говорот на телото е практичен водич за брзо читање на луѓето според нивните изрази и гестови, кој може да ви послужи во сите околности, од деловните средини до романтичните врски.
Како поранешен агент на ФБИ и признат експерт за невербална комуникација, Џо Наваро го збогатува својот бестселер Што кажува секое тело откривајќи ни над 400 знаци од говорот на телото и стотици дополнителни однесувања. Движејќи се од главата кон стапалата, ги објаснува скриените значења на многуте свесни и потсвесни работи што ги правиме со нашите тела и нѐ учи:
– да откриеме нечии чувства според движењето на зениците
– дали соговорникот се плаши или лаже според она што го прави со усните
– што значат различните начини на поставување и вкрстување на рацете или на нозете и стапалата
– што открива положбата на нашите палци кога стоиме…
Преполна со практични примери од богатата кариера на Наваро, оваа брилијантна книга ви дава нова перспектива за светот и за односите со луѓето. Искористете ги нејзините совети за да изградите самоуверен, успешен и среќен живот во кој можете да уживате.



