Не требаше да работам вечерта кога го запознав Џеј Си.
Пред него, бев задоволна од секојдневниот ритам, како менаџер на еден од најдобрите ноќни клубови во Њујорк. Па што ако мојот живот го нема тоа „среќно до крајот на животот“? Јас и онака не верував во такво нешто.
Но тогаш се појави Џеј Си.
Секси, богат ласкавец, ништо повеќе од некаков фактор за дефокусирање. Не сум заинтересирана да поминам ноќ во светкав латекс така што тој плејбој го одбивам лесно. Лесно е сè додека животот не ми излета вон контрола. А тогаш ми доаѓа сопонуда за нов метод за преживување, втемелен на следење на основните нагони и потреби за коишто е потребно да се откажам од својата постојана потреба за контрола.
Неговите лекции „против секакво врзување“ ги уриваат целосно моите внимателно изградени сидини. И додека ја откривам слободата, почнувам да чувствувам работи за него што не би требала. Работи поради коишто се плашам за своето ново ранливо срце. Затоа што Џеј Си има сопствени тајни, а тие не сакаат да го ослободат.



