Пронајди ме и Отворената врата

441 ден630 ден

Второто и третото продолжение на книгата “Ослободи ме” од писателката Лорелин Пејџ – Пронајди ме (Втора книга од дуологијата „Пронајдени”) и Отворената врата: Новела од дуологијата „Пронајдени“ – 1001 мрачна ноќ

На залиха

Пронајди ме (Втора книга од дуологијата „Пронајдени”)

Дојдов во Скај лонч за да почнам одново, далеку од ужасите на своето минато. Околностите коишто ме доведоа до овде не беа идеални, но развив добро другарство со Алејна и Хадсон Пирс, а моето семејство се оправи како што не ни замислував дека би можело. Со нив покрај себе никогаш не сум имала поголемо чувство на припадност.

Но, новиот почеток значеше откажување.
А постојат работи коишто не сакам да ги оставам зад себе – како Џеј Си, човекот што ме научи како да се опуштам. Човекот во којшто не требаше да се вљубам. Човекот што не сакам да го изгубам.
Сега животот ми е безбеден. Заканите од порано веќе не се толку страшни, па се соочувам со изборот: или целосно да продолжам напред или да продолжам да се надевам дека Џеј Си ме сака доволно за да дојде и да ме најде.

Отворената врата: Новела од дуологијата „Пронајдени“ – 1001 мрачна ноќ

Уште кога го здогледав Цеј Си, знаев дека е проблем.
Го прекрши секое правило во мојот клуб. Никогаш не заборавам како се чувствував таа вечер. Со сите жени во просторијата, сите тие изложени тела, а неговите очи вперени само во мене.
Се разбира дека се омажив за него. Оттогаш поминаа години. Имаме деца. Сè уште се сакаме како и секогаш, а и сексот ни е сè уште фантастичен…
Ама, и не баш. Како и многумина што се во брак подолго време, и јас копнеам по онаа силна страст од оние денови во минатото.
Со години слушнав гласини за „Отворената врата“. Ултра ексклузивен рај за воајери. Место да учествуваш – или гледаш – какво било шоу што можеш да си го замислиш.
Очите на мојот сопруг и натаму би биле врз мене. А можеби и би имало и туѓи погледи. Ако го сакаме тоа.
Па кога пристигнува поканата да се придружиме во играта, како би можеле да ја одбиеме?

Секоја новела во 1001 мрачна ноќ е засебна приказна. За новите слушатели, таа е вовед во светот на авторката. А за обожавателите – бонус книга во нејзиниот серијал. Се надеваме дека ќе уживате во секоја од нив исто како и ние.

ISBN:9786081011586
АвторЛорелин Пејџ
Издавач:Матица македонска