Бакнежи на небото

400 ден

Најубавите мигови од детството ги поминуваме во студените зимски ноќи, стуткани во ќебенце, со мече во рака или со омилената сликовница, во исчекување на првиот снег, со блеснати очиња и растреперени срца.

На залиха

Најубавите мигови од детството ги поминуваме во студените зимски ноќи, стуткани во ќебенце, со мече во рака или со омилената сликовница, во исчекување на првиот снег, со блеснати очиња и растреперени срца. Илјада прашања имаат децата во тие моменти. Па уште ако имаат и постара сестричка или братче расположени за одговори и за откривање на тајни – е, тогаш се случува магија. Цела ноќ можат да си раскажуваат.

Ама добро, навистина, па како се родила зимата? Кој за знае таа тајна?!

Сѐ убаво што постои на светов, создадено е од љубов.

ISBN:9786085024148
АвторИван Антоновски
Издавач:Светулка