Книгата „Божествена медицина“ во текот на изминатите 70 години одиграла многу важна улога. Таа им се потврдила како искрен и верен пријател на сите кои се нашле во каква било неприлика, телесна или духовна (душевна).
Фактите изнесени во книгата „Божествена медицина“ и понатаму остануваат неприкосновени, така што книгата се потврдила како стандардна и безвременска.
Човечкиот организам, како по својата структура така и според условите во кои живее на Земјата, е предодреден да биде здрав.
Болеста е ненормална, неприродна и подочна стекната состојба поради непочитување на основните природни принципи за одржување на здравјето.
Класичната медицина ги лекува само симптомите на болеста, додека потполно ја занемарува основната причина за појавата на болеста, а тоа е големата затруеност на организмот.
Немањето апетит е една од најзначајните заштитни мерки на организмот, кој на овој начин се бунтува и се брани од насилното оптоварување на органите за варење, особено за време на болест, кога целата расположива енергија мора да се стави во служба на природниот процес на оздравување. Со неприродно предизвикување апетит и внесување храна се блокира голема количина енергија и се попречува организмот во своето природно тежнеење да се ослободи од отровните материи.
Нормалниот и здрав организам реагира автоматски на секое штетно влијание во смисла на заштита и одбрана. При внесувањето на несоодветна храна органите за варење веднаш се бунтуваат во вид на подждригнување, болка, повраќање и пролив. Но, место тоа да го сфатиме како опомена од природата и израз на здрава конституција, ние обично мислиме дека организмот заболен.
Со нецелисходна исхрана ние систематски го труеме нашиот организам кој со тек на време се навикнва на тоа, и станува неспособен за нормално функционирање, а со тоа и подложен на сите дегенеративни промени.
Болеста е последица на нецелисходната исхрана, нецелисходната исхрана е резултат на изопачените потреби, а изопачените потреби се производ на психичката дисхармонија која настапува поради недостиг на чиста љубов.



