Живееме од разочарување до разочарување, кои еден ден мора да се искупат
Том Келер припаѓа на најозлогласеното семејство во област полна со ловокрaдци, фарми за ласици и други сомнителни активности, кои главно им се припишуваат на неговите сурови чичковци. Тој расте како нивен чирак во средина полна со тајни, останат без мајка, со татко повлечен во својот свет. Но Том е благословен со извонреден талент за мотокрос.
Кога како возрасен човек одеднаш исчезнува во потрага по одговори за некогашната несреќа во која ја изгубил ногата, неговата бунтовна ќерка се враќа во родното место. Иако сака да го остави зад себе тој див крај заминувајќи на факултет, измачена од борбата со своите слабости и демони, таа постепено почнува да ги отплеткува тајните од кои и самата е дел. Нејзината потрага по изгубениот татко кулминира со семејно обединување со драматичен пресврт.



