Двајца писатели со компликувано заедничко минато станауваат дел од сценаристичкиот тим на нова ТВ-серија. Ќе успеат ли да си најдат нов крај?
Хелен Џанг не го видела Грант Шепард тринаесет години – уште од оној трагичен инцидент што засекогаш ги поврзал нивните судбини и го избриша Грант од нејзиниот свет. Денес Хелен е авторка на бестселери по чии книги се подготвува телевизиска адаптација, а приклучувањето кон сценаристичкиот тим е спас од креативната блокада во која запаѓа. Лос Анџелес е долго посакуваниот нов почеток… Никој во Холивуд не ја познава. Освен…
Грант е токму таков како што го памети – шармантен, духовит, омилен меѓу сите. Но заедницата работа отвора рани што никогаш не зацелиле. И покрај електричниот набој меѓу нив, двајцата мора да си при-знаат дека ова никогаш не било – и нема да биде – љубовна приказна.
Но сепак… можеби единствениот начин да се помираат со минатото – и со себеси – е да останат заедно во сегашноста.



