Во рајот можеме да стигнеме уште додека сме живи, не мораме да чекаме да заминеме од овој свет.
Треба да применувате само четири едноставни, но многу важни правила за да го промените темелно својот живот:
Бидете безгрешни во зборот
Ништо не сфаќајте лично
Не правете претпоставки
Секогаш направете сѐ што можете.
Овие едноставни, разумни избори авторот ги нарекува спогодби што човек ги склучува со самиот себе. Мудроста што се крие во нив ќе ви отвори нови хоризонти, ќе ве охрабри и ќе ви влее самопочит. Применувајќи ги во животот, тие ќе ве научат како засекогаш да се ослободите од срамот, каењето и (само)презирот.
Ова е книга со каква што човекот од западната цивилизација не се среќава често. Нејзината благост, која потсетува на изворните учења на Исус и на Буда, е облагородена со длабоката мудрост на стариот индијански народ Толтеци. Според легендите, тие не изумреле. Само ги нашле повисоките сфери на духот. Прочитајте ја, размислете и склучете ја најзначајната спогодба самите со себе, на големо задоволство на сопствената душа.



