Сложена мистерија. Трогателно патување низ емоциите. Шармантна и оригинална хероина. Најочекуваната книга на годината ни открива дека со помош на срцето можат да се решат сите загатки.
Моли Греј е една посебна девојка. Светот ѝ го толкувала нејзината баба и ѝ го претворила во едноставни правила со помош на кои можела да функционира. Откако останува без својата баба, принудена е сосема сама да се снаоѓа во овој исклучително комплициран свет. Моли е посветена на својата работа како хотелска собарка – нејзиниот уникатен карактер, заедно со опсесивната љубов кон чистењето и прописните правила на однесување, ја прават идеална за оваа работа. Секое утро со задоволство ја облекува чистата униформа, ја полни количката со минијатурни сапуни и шишенца шампон, и ги враќа гостинските соби во хотелот Риџенси Гранд во совршена состојба. Но, уредниот живот на Моли се врти наопаку оној ден кога ќе влезе во апартманот на озогласениот и богат Чарлс Блек и ќе ја затекне собата во неред, а господинот Блек мртов во постелата. И пред да успее да сфати што се случува, се претвора во главна осомничена поради своето необично однесување, заробена во мрежата на измамите што не знае како да ја расплете.
За среќа, пријателите што не знаела дека ги има се здружуваат со неа во потрагата по трагите што ќе им откријат што навистина му се случило на господинот Блек – но дали ќе успеат да го пронајдат вистинскиот убиец пред да биде премногу доцна?



