„Незаборавна приказна за семејството и како тоа нè прави такви какви што сме.“ – The Times
Едно студено февруарско попладне, Стела здогледува човек кој ѝ доаѓа во пресрет по лондонската улица. Со години не го видела неговото лице, но во истиот миг го препознава. Или барем мисли дека го препознала…
Далечината меѓу нас е роман за паралелните животи, за загубените идентитети, за врските меѓу сестрите и тајните моќи на минатото. Пред сè, ова е љубовна приказна за двајца луѓе кои никогаш не се сретнале. Привлечна, прониклива и вешта, ова е најдобрата книга на Меги О’Фарел до сега.



