Смола

400 ден

Лив умрела кога имала шест години. Барем така гласи официјалната верзија.

Една вечер таткото ќе го турне нивниот чамец кон брановите и ќе гледа како се распарчува од карпите. Потоа ќе ја пријави својата ќерка како исчезната.

На залиха

Лив умрела кога имала шест години. Барем така гласи официјалната верзија.

Една вечер таткото ќе го турне нивниот чамец кон брановите и ќе гледа како се распарчува од карпите. Потоа ќе ја пријави својата ќерка како исчезната. Службената потера трае долго и безуспешно. Но, зад шутот пред работилницата на нејзиниот татко се крие Лив. Живее сама во мракот, треперејќи пред секој неочекуван шум. Татко ѝ тврди дека на ваков начин нема да мора да оди на училиште. Нема да мора да ги напушти родителите и да се соочи со светот кој е полн со опасности и лоши луѓе.

Неизмерно трогателната и напната приказна прикажува што се случува кога некого премногу сакате, а желбата да го заштитите се претвора во нешто што таа личност неповратно ќе ја повреди.

„Смола“ ги доби четирите најважни крими-награди во Скандинавија и доживеа светска препознатливост. „Гардијан“, „Телеграф“ и „Дејли експрес“ ја прогласија за еден од најдобрите романи во 2018 година. Досега е преведена во 31 земја, а во 2019 година е адаптирана во филм.

SKU: 037360
Категории:,
ISBN:9786082436654
АвторАне Рил
Издавач:Антолог