Папагалот на Флобер

420 ден

Каква книга е Папагалот на Флобер? Романизирана биографија на славниот француски писател Гистав Флобер? Интелектуален трилер за една литературна опсесија? Љубовна приказна преполна со мистериозни средби, драматични пресврти и неочекувани откритија?

На залиха

Каква книга е Папагалот на Флобер? Романизирана биографија на славниот француски писател Гистав Флобер? Интелектуален трилер за една литературна опсесија? Љубовна приказна преполна со мистериозни средби, драматични пресврти и неочекувани откритија? Долг есеј за книжевноста и естетската функција на книжевниот јазик? Или – сето тоа заедно?

На прв поглед, романот на Џулијан Барнс е приказна за еден англиски доктор кој е во потрага по интригантни детали од мистериозниот живот на авторот на ремек-делото Госпоѓа Бовари. Откако во еден музеј посветен на Флобер открива препариран папагал кој на славниот писател му послужил како инспирација за неговиот расказ Кротко срце, главниот лик се впушта во реконструкција на животот на Гистав Флобер преку некои малку познати детали за него. На тој начин пред читателот се креира една прекрасно напишана биографија за една контроверзна личност од 19 век, преполна со непознати факти и пресврти во стилот на детективски роман. Заради ваквите иновативни постапки на раскажување и комбинирање на книжевните жанри, романот Папагалот на Флобер е награден со голем број признанија и книжевни награди во целиот свет.

„Книга што нуди уникатно задоволство за секој читател, преплетувајќи ги историските факти и луцидната имагинација на авторот. Роман што ги содржи сите карактеристики на вистинско ремек-дело.“

SKU: 010475
Категории:,
ISBN:9786082300627
АвторЏулијан Барнс
Издавач:Три