Најголемиот број од читателите, сторијата за РАМБО ја знаат од истоимениот филм со Силвестер Сталоне снимен според оваа книга. Меѓутоа, оние читатели во чиишто раце ќе се најде оваа книга, ќе имаат можност да се уверат дека е многу повозбудлива и исполнета со акции кои можат да се доловат само во еден ваков авантуристички роман каков што е „Прва крв“ од авторот Дејвид Морел.
Командантот на полицијата, Тесли, започнува да го брка РАМБО, којшто и самиот го нарекува фраер или странец кој носи неволји, не знаејќи, всушност, во каква игра се впушта.
Ја започнува таа нерамноправна борба, борба со многу жртви на страната на Тесли, бидејќи тој не го знае ни неговото име, ниту, пак, дека има работа со опасен човек, човек обучен од професионалци и припадник на Зелената баретка. А РАМБО секогаш е подготвен да одговори на предизвикот и тоа дури му причинува задоволство.
На тој начин започнува една авантура, односно потера, низ шуми, рудници, по стрмни карпи, реки, а тоа за РАМБО е предизвик, начин на кој ќе ја покаже обуката што ја има и вештините кои ги владее.
Војската го обучила да убива и веќе никој не може да го запре…



