Во судницата, од обвинетите, влегов последна. На главниот влез од Судот, додека двајцата полицајци, кои ме придружуваа во комбето со кое бев пренесена од Истражниот затвор, ме предаваа на други двајца полицајци за да ме внесат во двокатниот дел, додаден на левата страна од Палатата на правдата, наменет за судски процеси од криминален карактер, блеснаа неколку блицеви од апаратите на група новинари кои го очекуваа започнувањето на расправата. Тој блесок на мене делуваше заслепувачки, не толку со неговата силина, колку заради мигновеното пресретнување со сознанието дека конечно влегувам во судот како обвинета и дека тоа е факт остар и студен, пронижан со лут отсјај од поцинкуваниот метал на лисиците што ме стегаа над глуждовите и ми правеа црвени кругови на рацете.
Дневникот на полицајката
250 ден
Во судницата, од обвинетите, влегов последна. На главниот влез од Судот, додека двајцата полицајци, кои ме придружуваа во комбето со кое бев пренесена од Истражниот затвор, ме предаваа на други двајца полицајци за да ме внесат во двокатниот дел, дода…
На залиха



