По дождот

500 ден

Раде Шербеџија е светска ѕвезда и култна икона на ексјугословенскиот културен простор. Гламурозен и амбивалентен, заводлив и контроверзен. Тој пишува така како што прави и сè друго – страсно, искрено, од срце и без лицемерство.

На залиха

Раде Шербеџија е светска ѕвезда и култна икона на ексјугословенскиот културен простор. Гламурозен и амбивалентен, заводлив и контроверзен. Тој пишува така како што прави и сè друго – страсно, искрено, од срце и без лицемерство. Пишува за луѓе, градови, светови, уметности, идеали и спомени што ги надживеале сите наши невремиња.

Најмногу од сè, пишува за љубовта. За љубовта кон семејството, пријателите, родниот крај, виното, фудбалот, татковината, музиката, театарот и побратимството што го поврзува сето тоа.

Под изгаснатите рефлектори, онаму каде што мижурка само уште компјутерскиот екран и таму каде што човекот е сам без оглед на сите множества во кои е сместен, Раде Шербеџија проговорува со глас кој знае како најмудро се игра главната улога во сопствениот живот.

SKU: 033682
Категории:,
ISBN:9786082305639
АвторРаде Шербеџија
Издавач:Три