Алиса Грис и инспекторот Варгас ја истражуваат мистеријата на исчезнувањето на министерот Маурисио Ваљс. Меѓутоа, во мигот кога ќе наидат на првите сериозни траги, од централата ги изненадува веста: работата на истрагата се стопира, бидејќи тимот истражители кој паралелно работел наслучајот успеал да ги поврзе сите конци и да го реши.Решението изгледа логично и поткрепено со адекватни докази. Леандро, менторот на Алиса, го исполнува ветувањето што и` го дал: по овој случај ќе биде слободна, ќе може да го продолжи животот како што сака самата, без натамошни обврски кон службата за која што работела толку години. Но, Алиса знае дека наводното решавање на случајот е обично залажување…само доказ дека мистеријата на која работат е многу поопасна отколку што се чини. Пред себе имаат две можности: да заборават на се` или на своја рака да продолжат со истрагата, целосно свесни дека може да ги проголта темницата, исто како што проголтала и многу други луѓе поврзани со морничавите настани коишто ги истражуваа.
заштеди
251 денЛАВИРИНТ НА ДУХОВИТЕ 2 ДЕЛ
199 ден450 ден
На залиха
Book Author |
---|