-
МОСТОТ НА КЛЕЈ
Овој прекрасен роман претставува мултигенерациска семејна сага за пет браќа по смртта на нивната мајка и заминувањето на нивниот татко, се препуштени сами на себе. Toa e семејство кое го снашле сите можни несреќи, завиени со вел на одамна закопани тајни.За да сфати зошто сѐ тоа им се случило, Метју Данбар мора да пронајде три нешта: загубената машина за пишување, мртвото куче и коските на змијата која го убила. Во својата потрага ќе дознае дека неговата мајка минала континенти за да најде нов дом, а татко му ја барал љубовта во клавишите на стариот клавир. И, што е најважно ќе дознае зошто неговиот брат Клеј се одлучил за подвиг на кој никој друг во неговото семејство не би се осмелил.
-
КРАДАЧКАТА НА КНИГИ
Извонреден спој на инвентивност и емоционална еластичност.
Литературен дијамант!
1939 година. Нацистичка Германија. Земјата го задржува здивот. Смртта никогаш немала толку многу работа. Деветгодишната Лизел живее со своето старателско семејство во улицата Химел. Родителите и* се одведени во концентрационен логор. Лизел краде книги. Ова е нејзината приказна и приказната за жителите од нејзината улица , кога бомбите ќе започнат да паѓаат. Оваа приказна ја раскажува смртта.Тоа е мала приказна за девојче, хармоникаш, некои фанатични германци, еврејски боксер и навистина многу крадење. Би требало да знаете уште нешто: СМРТТА три пати ќе ја посети крадачката на книги.