Интермецо

650 ден

Роман за деструктивната моќ на тагата и недоразбирањата меѓу најблиските, но и нежна приказна за љубовта – од скриена, потисната и уништена со погрешни потези, до видлива, остварена и исцелителна.

На залиха

Да пронајдеш значење во нешто толку минливо како животот. Пред да трепнеш – поминал.

Роман за деструктивната моќ на тагата и недоразбирањата меѓу најблиските, но и нежна приказна за љубовта – од скриена, потисната и уништена со погрешни потези, до видлива, остварена и исцелителна.

Интровертниот Иван (22) е успешен шахист, а неговиот постар брат Питер е навидум елоктивен и харизматичен адвокат. Во неделите по загубата на татко им, тие (се) уништуваат и обновуваат, губат и го наоѓаат својот пат. Сали Руни моќно и без отстапки кон сентименталноста ги покажува начините на кои браќата и трите жени поврзани со нив на најнеобични начини, се борат за вклопување на нивните интимни врски во општествениот живот.

Интермецо во шахот е неочекуван потег. Со секој таков потег на ликовите, авторката ја зголемува читателската возбуда и во својот препознатлив стил ненаметливо поставува важни прашања, од економски и идеолошки до филозофски – за вистината и смислата на постоењето.

„Ова е најкомплетното дело на Сали Руни, особено затоа што потсетува на модернистичките стилови на Џејмс Џојс и Вирџинија Вулф.“ – Паблишерс викли

SKU: 039257
Категории:,
ISBN:9786082810492
АвторСали Руни
Издавач:Траг