Јудит

350 ден

Родниот крај се стекнува само еднаш во животот, како и љубовта, онаа вистинската.

„Јудит“, ремек-делото на познатиот унгарски писател Шандор Мараи…

На залиха

Родниот крај се стекнува само еднаш во животот, како и љубовта, онаа вистинската.

„Јудит“, ремек-делото на познатиот унгарски писател Шандор Мараи, е остатокот од вртлогот на љубовта и саможртвата, кога останува само копнежот за самоодржување откако ќе помине занес. Врамен со бурните настани во Унгарија пред и по војната, овој роман е доказ за маестралниот ум на писателот.

Монологот на поранешната слугинка, во една хотелска соба во Рим, ја расплетува приказната за сложениот љубовен триаголник – навидум беспрекорниот, а отуѓен живот на Илонка и Питер, и подоцнежниот брак на слугинката Јудит со господарот, во преломните историски мигови што го потресуваат светот.

Исповед за страста, за класните разлики, за болката што ја носи вистината кога конечно ќе се изговори. Со прецизноста на кројач и чувствителноста на поет, Мараи создава слика на која ги портретира дури и неизговорените зборови, како и цената што се плаќа кога молксот ќе заврши. „Овој роман е доказ за неправедно запоставената брилијантност на Мараи.“ – Чикаго трибјун

SKU: 039337
Категории:,
ISBN:9786085021291
АвторШандор Мараи
Издавач:Паблишер