Кралот на планината

650 ден

Планина што крие темнини поголеми од сенките што ги фрлаат нејзините врвови. И некој што ќе даде сè за да ги осветли.

На залиха

Ќерката на едно влијателно семејство и нејзиниот пријател исчезнуваат за време на прошетка во планината. Првичните сомнежи се киднапирање чија цел е изнуда, но по три дена сè уште нема барање за откуп. Кога Леоноре Аскер, натпросечно интелигентна и снаодлива инспекторка од Малме, пристигнува во малото изолирано планинско место, целта ѝ е едноставна – да ја открие вистината.

Во меѓувреме, во напуштен автомобил оставен покрај патот е пронајдено телото на исчезнатиот млад човек, а во макета на железница, изградена во клуб за железничко моделарство во соседство, се појавуваат морничави човечки фигурини – меѓу нив и минијатурни двојници на исчезнатите момче и девојка.

Со помош на својот пријател од детството, Мартин Хил – предавач по архитектура и страстен љубител на урнатнини и напуштени згради – Лео Аскер тајно продолжува да ги следи трагите на случајот. Наскоро и станува јасно дека зад киднапирањата стои човек со патолошка потреба да господари над туѓите животи, да ја контролира секоја судбина и да стане – крал на планината.

SKU: 039581
Категории:,
ISBN:6082438523
АвторАндрес де ла Моте
Издавач:Антолог